Во богатата вечерна понуда на натпревари во НБА лигата се одиграа неколку деби дуели, но и два во кои победникот беше решен по продолжението. 

Шампионот Денвер оствари нов триумф победувајќи го Голден Стејт со 108:105. Уште една фантастична претстава на Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со дабл-дабл со 35 поени, 13 скока. Стеф Кари на спротивната страна реализира а 23 поени (6/13 тројки).

Во дербито на истокот Филаделфија победи против Бостон Селтикс со 106:103. На две минути до крајот Сиксерси водеа со 104:90, се чинеше дека победникот е решен, но гостите не се предадоа. На 33 секунди до крајот Џејлен Браун со тројка намали на 106:103, по што Макси промаши тројка. На осум секунди до крајот Селтикси имаа можност да го израмнат резултатот. Кристапс Порзингис ја презеде одговорноста, но неговиот удар за тројка не беше прецизен. Така залудно Летонецот беше најдобар играч на мечот со 29 поени со шест скока. Кај победникот Џоел Ембиид постигна 27 поени и 10 скока, а Тајрис Макси со 25 поени, девет скока и пет асистенции.

Продолженија се играа на натпреварите во Чикаго и Сакраменто. 

Екипата на Феникс славеше на гостувањето кај  Булс со Санс 115:116, додека Кингси пред својата публика го совладаа Портланд со 121-118.