Екипата на Борусија Дортмунд ја постигна и втората победа во групата Ф. Вечерва пред своите навивачи по вторпат го победи премиерлигашот Њукасл, овојпат со 2:0.

Со овој триумф Борусија  ги зголеми шансите за пласман во следната фаза, особено што против Њукасл има две победи, а на три натпревари е непоразена во групата.

Водството на „милионерите“ од Дортмунд им го донесе Никлас Филкруг во 26.минута, додека конечните 2:0 ги постави Јулиан Бранд  во 79.минута.

Бундеслигашот со овој триумф изби на чело на „групата на смртта“ со 7 бодови или еден повеќе ПСЖ, додека Њукасл остана со 4, а Милан е последен со два бода.

Во вториот натпревар вечерва од 21 часот играат Милан и ПСЖ.

Standings provided by Sofascore