Во второлигашката машка кошаркарска лига денеска ќе бидат одиграни три натпревари. Сите нудат интересни пресметки. 

Сепак приматот дерби ќе го има првиот меч што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во него, екипата на Водно Санс ќе го пречека досега не поразениот тим на МКК Куманово. Екипата предводена од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски веќе ги најави своите амбиции, пласман во Првата лига. Засега тоа кумановци го потврдуваат со четирите победи во исто толку одиграни натпревари. 

До минатото коло и младиот состав на Водно Санс беше непоразен. Но, тоа се смени на гостувањето во Велес. Ќе можат ли „сонцата“ од Водно да направат изненадување останува да видиме во мечот што ќе почне до 14.30 часот. 

Вториот натпревар се игра во Штип, каде екипата на Соколи го пречекува амбициозниот навалија меѓу второлигашите Маџари. 

Во последниот дуел, вториот тим на МЗТ Скопје и велешки Борец баскет во меѓусебната пресметка ќе атакуваат на тратата победа. 

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк) 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
недела
14.30 ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ
петок
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018  91-70
сабота
КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ 56-101
МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС 87-79

ТАБЕЛА: Шкупи 9 бодови, МКК Куманово 8, Ангели 8, Соколи 7, Маџари 7, Мега Баскет 7, Водно Санс 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Работнички 2018 6, Борец Баскет 6, Куманово 2009 5 и Тетекс 5.

ГЛЕДАЈТЕ ГИ ВО ЖИВО НАТПРЕВАРИТЕ ОД
ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА