Со двата натпревари одиграни попладнево комплетирано е 13.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во Струга, актуелниот шампион Струга ТЛ со пресврт ја победи тетовска Шкендија со 2-1.

Во првиот дел домаќините пропуштија шанса да поведат. Марјан Радески не реализира пенал.

Казната дојде во второто полувреме.  Красниќи во 54-минута постигна гол од белата точка, за водство на Шкендија од 1-0.

Тетовци во 62-минута останаа со играч помалку, откако Цинари заработи црвен картон.

Предноста од играч повеќе Струга ја искористи на најдобар начин. Со два брзи гола за само две минути (72-ра и 75-та) преку Компаоре и Радески, шампионот го сврте резултатот. Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

На Чаир, лидерот на табелата Шкупи ја потврди фаворитската улога против Вардар и славеше победа со 2-0 .

Домаќините поведоа со голот на Арби Воша на 25-тата минута. На вториот гол се чекаше се до 74-та минута кога Акука Иссифу зголеми на 2-0.

По овие натпревари, Шкупи останува прв со 28 бодови, Струга сега е втора со 27 , а Шкендија трета 25. Вардар остана на последното место со само 11 бодови.