Младата репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години и втор пат беше подобра од турските врсници.

Откако вчера избраниците на селекторот Стојановиќ славеа со 15 гола разлика, денеска победија со четири.

Турците овојпат не сакаа да се посрамотат како вчера, па имаа голема помош од домашните судии. Но, и со тоа младите македонски ракометари покажаа дека во моментов се далеку подобра селекција од Турската.

Откако на полувремето заминаа со два гола предност, на крајот црвено-жолтите славеа со четири разлика 27:23.

Денеска најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Димитар Узунчев кој постигна 7 голови.

Овие натпревари како и претстојниот настап на турнирот „Трофеј Карпати“, се дел од подготовките за оваа селекции за настапот на ЕП во Словенија следното лето.