Актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс го победи Далас Маверикс со 125:114 во дербито на веќерта во НБА лигата.

Очекувано двете централни фигури на паркетот беа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ кои одиграа на високо ниво.

Српскиот центар постигна 33 поени, додаде 14 скокови и девет асистенции, додека Дончиќ постигна 34 поени, со 10 скока и осум асистенции.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Оклахома и Голден Стејт, а победа остварија гостите со 141-139. Стеф Кари со 30 поени, 8 скока и 7 асистенции беше најдобар поединец кај победничкиот тим.

Милвоки го победи Њујорк со 110:105, а на поразените не им помогна ниту Бренсон кој мечот го заврши со дури 45 поени. Бакс до победата ги предводеа Лилард со 30 и Антетокумпо со 22 поени.

Мајами беше подобар од Вашингтон со 121:114, Индијана победи против Кливленд 121:116, Бруклин го совлада Чикаго 109:107, додека Портланд по продолжението го победи Мемфис со 115:113.