Второлигашката машка кошаркарска лига стигна до петата рунда. Натпреварите од ова коло ќе се играат во три дена почнувајќи од вечерва. 

Во првиот натпревар од 5-тото коло екипата на Ангели ќе атакува на третата победа со дуелот со вториот тим на Работнички кој досега еднаш се радуваше. 

Натпреварот што ќе се игра во Кисела Вода, ќе почне во терминот од 20.30 часот, а ќе можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (кликни на линкот), како и останатите натпревари што ќе се играат викендов.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
петок
20.30 АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018
Сабота
18.00 КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС
недела
14.30 ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 8 бодови, Шкупи 7, Соколи 7, Маџари 7, Водно Санс 7, Ангели 6, МЗТ Скопје У.Б. 6, Борец Баскет 6, Мега Баскет 5, Работнички 2018 5, Куманово 2009 4 и Тетекс 4.

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ВО ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА