Женска фудбалска репрезентација на Македонија го продолжува настапот во Лигата на нации.

Денеска македонските фудбалерки ќе го играат првиот од двата натпревари против селекцијата на Косово. 

Откако го загубија првиот меч во ова натпреварување (Бугарија 0-1), избраничките на селекторот Кирил Изов се надеваат дека денеска ќе ги прокнижат првите бодови.

За Македонија, победата е императив во дуелот против Косово што ќе започне од 13 часот, на теренот крај ФФМ.

На табелата со во 5-тата група, Бугарија е водечка со 4 бодови, пред Косово со 1 и Македонија без бод.

Веќе во вторник (31 октомври) Македонија и Косово ќе го одиграат својот втор натпревар. 

Денешниот натпревар Македонија – Косово може да го гледате ВО ЖИВО на МРТ3 или ОВДЕ