Со вечерашните шест натпревари комплетирана е првата половина од фазата по групи во Лигата на шампионите. 

Дербито на вечерта се одигра во Парис, каде францускиот првак ПСЖ го надигра Милан и славеше со 3-0. Мбапе (32), Коло Муани (53) и Ле Кинг Ин (89) минута беа стрелци на головите за „светците“. 

Во истата така-наречена „група на смртта“, Борусија Дортмунд славеше минимално со 1-0 на гостувањето кај Њукасл.  Така сега ПСЖ ја презема лидерската позиција во оваа конкуренција. 

Навидум лесно, актуелниот првак Манчестер Сито славеше на гостувањето кај Јанг Бојс, но отпорот на противникот, англискиот тим го скрши во завршните 20-тина минути.

Иако на два пати губеа, промашија пенал, останаа и со играч помалку, фудбалерите на Атлетико со бод се враќаат од гостувањето кај Селтик.

Во втората половина од групите само Сити и Барселона имаат максимални 9 бодови.

 СИТЕ ГОЛОВИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ НАТПРЕВАРИ ГЛЕДАЈТЕ ГИ ПОД РЕЗУЛТАТИТЕ

Е  ГРУПА
ФЕЕНОРД – ЛАЦИО 3-1
СЕЛТИК – АТЛЕТИКО М. 2-2
 
Табела
1 Феенорд       6
2 Атлетико М. 5
3 Лацио           4
4 Селтик          1
Г  ГРУПА
ЛАЈПЦИГ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 3-1
ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР С. 1-3
 
Табела
1 Манчестер С.  9
2 РБ Лајпциг      6
3 Јанг Бојс         1
3 Ц. Звезда        1
Ф  ГРУПА
ЊУКАСЛ – БОРУСИЈА Д. 01
ПСЖ – МИЛАН 3-1
 
Табела
1 ПСЖ             3          
2 Борусија Д. 4         
3 Њукасл        4      
4 Милано        2
Х  ГРУПА
БАРСЕЛОНА – ШАХТЈОР 2-1
АНТВЕРПЕН – ПОРТО 1-4
 
Табела
1 Барселона    9
2 Порто           6
3 Шахтјор       3
4 Антверпен    0