Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го игра шестиот натпревар во Лигата на шампионите. Во Битола, гостува полската екипа Киелце.
Пелистерци ги загубија изминатите пет меча, па сега се надеваат дека со нов шеф на стручниот штаб, може конечно да се израдуваат.
Имено Бранислав Ангеловски кој ги наследи Јовиќ и Шундовски, ќе ги предводи пелистерци на дуелот со Килце.
Задачата нема да биде ни малку лесна имајќи в предвид дека полскиот тим игра во одлична форма. Килце вече освои пет бодови и тоа совладувајќи ги ПСЖ и Колстад, а одигра нерешено со Сегед.
Дали по „неуспехот“ против Вардар во домашното првенство ракометарите на Пелистер ќе изнајдат мотив останува да видиме.
Натпреварот од „А“ групата меѓу Еурофарм пелистер и Килце ќе се игра во вечерниот термин од 20.45 часот.