Екипата на МЗТ Скопје го доби „вечното“ дерби против Работнички што се играше во рамките од 3.коло на Првата лига.

На натпреварот одигран во СЦ „Кале“ аеродромци славеа со 73-59 и се радуваа на втората победа сезонава.

Првата четвртина не најавуваше така лесна победа на МЗТ. Напротив, периодот заврши нерешеното 14-14.

На самиот старт, вториот период  беше прекинат поради фрлање на пиротехнички и тврди предмети, а МЗТ се повлече од теренот. По враќањето, Работнички беше оној што има имаше минимална предност, но МЗТ беше тимот што на одморот замина со позитива (32-25).

На стартот на второто полувреме МЗТ отвори со серија 9-2 и поведе со +14 (41-27). Тавата предност се покажа како решавачка за исходот. Работнички се обидуваше да ја анулира, но МЗТ не дозволуваше, па шампионот на крајот славеше со 14 разлика.

Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Стојановски со 17, додека Танасковиќ реализира 16, а Ворку 14 поени. Кај Работнички, за кого ова беше втор пораз, најефикасен Декоси со 17 поени.

Во второто дерби од ова коло, одиграно во Кавадарци, вицепрвакот Пелистер го совлада Еуро Никел. Пелистерци славеа со 60-66 за втора победа, а прв пораз на претрпеа кавадарчани.

Вечерва се играат уште два натпревари, а колото утре ќе го комплетираат Охрид и

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
сабота
ТФТ – АКАДЕМИЈА ФМП 73-64
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А. 59-73
ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР 60-66
ЧАИР – ВАРДАР  во тек
ФЕНИКС – КОЖУВ  во тек
недела
18.30 ОХРИД – ГОСТИВАР