Aктуелниот светски шампион Аргентина ја забележа четвртата победа во квалификациите за СП 2026 година. На гости Аргентина победи против Перу 2:0 и го одржа максималниот ефект.

Лионел Меси стартуваше од првата минута и го одигра целиот меч за „гаучосите“. Не само што играше, туку и беше стрелец на два гола.

Неговиот прв гол дојде во 32.минута, по прекрасната акција на целиот тим.

Десет минути подоцна,  Меси повторно се впиша во листата на стрелци. Овој пат со удар од 15 метри биеше во долниот лев агол од противничкиот гол.

Така и по четвртото одиграно коло Аргентина е единствената селекција која има максимални четири победи.