Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години избори пласман во главната фаза на квалификациите за ЕП.
Македонија одигра нерешено 1-1 против Казахстан, доволно да го освои 2.место во петата група, чии натпревари се играа во Полска.
Иако имаа негатива од 25-минута, сепак благодарение на упорноста и голот на Адријан Зенделовски (83.минута), Македонија извлече „реми’.
Тоа беше доволно за четвртиот бод во групата, со колку заврши и домаќинот Полска која одигра 3-3 со Германија која е прва.
Победата во 1.коло над Полска значеше и второ место за Македонија на овој квалификациски турнир.
Standings provided by Sofascore