Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски и официјално е новото засилување за вицепрвакот Пелистер.
Магдевски и Пелистер постигнале договор за негов ангажман во битолската екипа.
Ланската сезона ја заврши во холандскиот тим Донар Гронинген. Во првиот дел од сезоната игшаше во МЗТ, а сега Магдевски ќе го облече дресот на Пелистер.
Искусниот бек ќе биде значајна алка во тимот на Дарко Радуловиќ со кој Магдевски соработуваше во МЗТ Скопје.
Покрај Магдевски, пелистерци ќе се засилат и со искусниот и босанскиот интернационалец, Стефан Мијовиќ кој лани играше во унгарската екипа Хонвед.