Кавадарци со нетрпение го очекува денешниот настап на ракометарите на Тиквеш.

Во салата „Јасмин“ вечерва Тиквеш ќе го игра првиот натпревар од 2.коло квалификации во ЕХФ Европскиот куп.

Кавадарчани се домаќини на австрискиот тим Кремс, кој игра брз динамичен ракомет со многу кантри и полуконтри, вели тренерот на Тиквеш, Никола Матиески.

„Го анализиравме противникот. Не е нималку наивна екипа, напротив.

Наше е да го спроведеме договореното на терен. Одбраната ќе биде клучен фактор. Со цврста игра и многу трчање, треба да го сопреме нивниот напад, а тоа пак да ни овозможи нам полесни голови во транзиција.

Ситните повреди кои ги имавме изминатиот период се заборавени, а ракометарките ќе ‘стиснат заби’ и ќе го дадат максимумот.

Бодрени од нашата верна публика, која очекуваме да биде во огромен број, веруваме дека можеме до добар резултат кои ќе ни обезбеди по мирен реванш на гостински терен“,

изјави Матлиески за СПОРТ+.

Според најавите. Салата „Јасмин“ ќе биде исполнета до последното место, а популарните „Лозари“ треба да бидат играч плус за Тиквеш.

Дуелот меѓу Тиквеш и Кремс ќе започне од 19 часот, а може да го гледате во живо на МРТ 3 .