Втората рунда од второлигашката кошаркарска конкуренција носи неколку интересни дуели.
Судејќи по одиграното во воведното коло, како и играчките ростери, два дуели ќе го привлечат вниманието.
Најинтересен се очекува да биде на натпреварот меѓу Шкупи и Водно Санс. Двата тима стартуваа со победи во новата сезона. Искуството против младоста, што ќе пресуди и кој ќе стигне до втората радост, ќе видиме по мечот што ќе почне од 18 часот.
Во истиот термин ќе започнат и натпреварите во Штип и Тетово.
Ништо по неизвесен нема да биде и дуелот меѓу новајлијата Маџари и вториот тим на МЗТ Скопје кој ќе почне час подоцна.
Топ фаворитот МКК Куманово утре ќе гостува во Велес.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 2. КОЛО
сабота
18.00 ШКУПИ – ВОДНО САНС
18.00 СОКОЛИ – МЕГА БАСКЕТ
18.00 ТЕТЕКС – АНГАЛИ
19.00 МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.45 КУМАНОВО 2009 – РАБОТНИЧКИ 2
недела
15.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО