Фудбалската репрезентација на Македонија и пети пат во низа е поразена од Украина.
Сега во Прага, напите фудбалери загубија со 0-2.
Има за што да жалат македонските фудбалери, бидејќи создадоа повеќе шанси, но не искористија ниту една.
„Покажавме дека можеме да играме добар фудбал против било која репрезентација. Несреќно загубивме.
Имавме многу шанси, но за жал не ги искористивме, за разлика од противникот.
Тешко е, разочарани сме, но фудбалот е тaков.
Дадовме сѐ од себе да ги израдуваме навивачите, но овој пат не успеавме“, изјави Езџан Алиоски.
Следниот предизвик ќе биде Италија и тоа во Рим на 17 ноември