Поради претстојните обврски на европската ракометна сцена, екипите на Алкалоид и Тиквеш својот натпревар од 7.коло во Супер лигата ќе го одиграат денеска.

Ова е дуел на два од трите тима кои досега имаат максимален ефект во досегашниот тек од домашното првенство.

Алкалоид и Тиквеш во „А“, односно Вардар во „Б“ групата, победија на сите шест одиграни натпревари.

Оттаму многу јасно зошто вечерашниот натпревар меѓу Алкалоид и Тиквеш го носи приматот дерби.

Ланската сезона овие два тика одиграа интересни натпревари. Оној во Кавадарци, со гол во последната секунда заврши нерешено (31-31), а во Автокоманда, домаќините славеше со пет гола разлика (29-24).

Денешното дерби меѓу Алкалоид и Тиквеш се игра во Автокоманда со почеток од 19 часот.

Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.