Ракометарите на Тиквеш играат одлично во новата сезона на домашниот шампионат. 

Кавадарчани се една од трите екипи кои имаат максимален ефект. Тиквеш, Алкалоид и Вардар досега забележаа победи на сите шест одиграни натпревари. 

Она што претстои за „лозарите“ се двата исклучително важни и тешки натпревари. 

Веќе утре (19 ч.) кавадарчани гостува во Автокоманда, во дербито од 7.коло кај Алкалоид. 

Само три дена подоцна во Кавадарци ќе го одигра првиот натпревар од ЕХФ Европскиот куп. Во рамките од 2-то квалификациското коло Тиквеш е домаќин на австриската екипа Кремс. 

Картите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба по цена од 300 денари, информираа од клубот.