Повратникот во Првата лига, екипата на Вардар ја оствари втората победа. 

Во последниот натпревар од 2.коло, одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ вардарци го поразија Феникс со 80-71. 

„Легијата на странци“ потпомогната од ветераните Трајковски и Димчевски, не може да ги надиграат младите мотивирани вардарци. 

Иако во првото полувреме „пулените“ на Дервишевиќ во неколку наврати имаа и двоцифрена предност (+10), тоа не беше доволно. 

Како на средината на третиот период ја презедоа контролата на резултатот, така не ја испуштија (исклучил едно водство на Феникс). 

Предводени од Хусенин Бајрам и неговите 28 поени, вклучувајќи ја и тројката од половина терен на истекот на полувремето, Вардар заслужено впиша нова победа. 

Бадијала беа дабл-дабл учениците на Американците, Рис (27 поени, 15 скокови), Даниел (по 10 поени и скокови) како и 22 поени на ветеранот Трајковски, кога Феникс пак загуби. 

ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
понеделник
ФЕНИКС – ВАРДАР 71-80
одиграно претходно
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 85-59
ТФТ – ЧАИР 77-66
ОХРИД – ФМП АКАДЕМИЈА 82-66
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 90-92
ЕУРО НИКЕЛ – КОЖУВ 80-73

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТРОЈКАТА НА БАЈРАМ
ОД ПОЛОВИНА ТЕРЕН