Ракометарите на Алкалоид со победа на гости го „отворија“ 6.коло од ракометните Супер лиги.

Тие во рамките на групата А како гости во Куманово славеа победа над МРК Куманово со 34:21 (19:9) и го продолжија максималниот учинок во досегашниот дел од првенството.

По стартните 1:1 избраниците на Кирил Лазаров направија серија од седум голови и поведоа со 8:1. Во финишот на првиот дел стигнаа и до првото двоцифрено водство кое не го испуштија до крајот 17:7.

Во вториот дел Алкалоид поведе и со највисоки +14 (30:14).

Најефикасни кај победникот беа Михајло Младеновиќ со 9 голови и Мартин Серафимов со 6.

Во редовите на МРК Куманово Грузиецот Уча Гамзардија беше стрелец на 9 голови.

Алкалоид има 18 бодови од шест натпревари, додека МРК Куманово има освоено само еден бод.