Македонската фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг пред саботниот дуел со Украина, во квалификациите за ЕП 2024-та.

Во националниот состав се врати Дарко Чурлинов. Фудбалерот на англискиот Барнли изминатиот период не можеше да му се стави на располагање на селекторот Милевски.

Причината беше од здравствен карактер, а Чурлинов мина вистинска голгота.

„Минав низ тежок период и одлично е чувството што повторно сум на терен. Среќен сум што повторно играм фудбал и пресреќен што сум дел од македонската репрезентација.

Овде сме сите еден за друг.

Знаеме со каков квалитет располага оваа селекција и без разлика на противникот тоа треба да го покажеме на терен“,

изјави Чурлинов.

Сега Чурлинов е во конкуренција за саботниот натпревар со Украина што ќе се игра во Прага.