Ратификувана организацијата на Европските младински олимписки игри Скопје 2025.
Со едногласна одлука, Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, составено од 50 Национални олимписки комитети, ја ратификуваа одлуката, градот Скопје да биде домаќин на 18-те летни Европски младински олимписки игри (20-26 Јули 2025 година).
Пред да се донесе оваа едногласна одлука, Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го презентираа планот за организација на игрите во однос на спортските објекти, сместувачките капацитети, транспортот и другите фактори кои ќе имат влијание на успешната организација на игрите.
На крај, претседателот на МОК, Даниел Димевски, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претседателот и Генералниот секретар на ЕОК, Спирос Капралос и Рафаеле Пањоци го потпишаа и конечниот договор односно Одлука за градот Скопје да биде домаќин на 18-те летни Европски младински олимписки игри.