Кошаркатите на Феникс 2010 го завршија првиот историски европски настап со уште еден убедлив пораз.
Нашиот претставник во квалификациите за место во ФИБА Еврокупот ги заврши со два порази и елиминација.
Избраниците на Денис Дервишевиќ по вторпат забележаа висок пораз овојпат од ,,Волците,, од Росток со 72-101 во рамките на групата Е.
Феникс добро го отвори мечот и поведе со 10-6, но до крајот на првиот дел германскиот претставник го доби тој период со 16-22.
На полувреме Феникс имаше негатива од 31-47, разлика која до крајот на мечот само се зголемуваше.
Кај победниците Нелсон постигна 20 коша, Амазе даде 17, а Алстон Јуниор 13 поени. Кај Феникс Џо Рис постигна 19 поени и 10 скока, Џонс 15 поени, додека Шакур Даниел 12 поени.
Така Феникс сега може да се посвети на настапите во првата кошаркарска лига на Македонија.