Македонскиот шампион Ѓорче Петров очекувано се пласира во следната рунда на ЕХФ Европскиот куп.

Ѓорчепетровки и реванш натпреварот беа подобри од екипата на Тиват.

Ѓорче Петров го совлада црногорскиот тим со 29:24.

Од самиот почеток нашиот тим ја презеде контролата над резултатот и ја зголемуваше предноста.  Во 25-тата минута имаше Ѓорче +8 (14:6), а на полувреме замина со +6 гола разлика 15:9.

Во 35-та минута Тиват со серија 5-1 успеа да ја намали негативата на 14:16.

Ѓорче се обидуваа да ја одржат предноста иако ракометарки на Тиват не се откажуваа и даваа се од себе да израмнат. Сепак ,,лавиците” одиграа поквалитетно и заслужено ја победија црногорската екипа со 29:24.

Најефикасна од Ѓорче беше Емилијана Ризоска со седум погодоци , додека Ангела Јанкуловска даде пет гола.

Ивона Кимовска