Како и изминатите така и во претходната сезона МЗТ Скопје Аеродром е главен фаворит за трофеите во мак-баскетот.
Сино-белите ќе ги бранат шампионскиот и трофејот освоен во Купот на Македонија.
Јасно му е тоа и на тренерот Васко Атанасов кој сепак улогата на главен фаворит за трофеите ја прифаќа со резервираност.
„МЗТ Скопје како најголем клуб во Македонија има цел, да ги освоите сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува. Сепак не можам да речам дека сме најголем фаворит.
Знаете како е во спортот. Фаворит сте на хартија, но тоа секогаш не успева“, изјави Атанасов.
Што се однесува до играчкиот ростер. Атанасов вели дека иако тој е формиран според неговите размислувања и очекувања, сепак во текот на сезоната можни се и промени.
„Лично, како тренер сум задоволен од начинот на кој ги одработивме подготовките и контролните натпревари.
Го имаме составот кој го посакуваме. Во текот на сезоната ќе има и нови засилувања. Кога и кои ќе видиме понатаму“, нагласи тренерот на МЗТ, Атанасов.
МЗТ одбраната на титулата ја почнува в недела со гостувањето во Гевгелија кај Кожуф.
Сигурно дека еден од приоритетите на аеродромци е и враќањето во прволигашката АБА лига.