Двојна „круна“ во мак-баскетот и враќање во прволигашката АБА конкуренција се приоритетите за МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона.
Капитенот Дамјан Стојановски смета дека најважно е да се фокусираат на својата игра, а не на противниците.
„Да ги оствариме целите во домашното првенство, но и да се вратиме во АБА1 лигата, каде што МЗТ Скопје дефинитивно заслужува да има место.
Првенството ќе биде неизвесно. Не сум ги гледал другите екипите, знам кои играчи ги донесоа, но не знам како ќе изгледаат на терен.
Ние гледаме само на себе, да играме што подобро и верувам дека тоа е вистинскиот пристап“, изјави капитенот Дамјан Стојановски.
Дамјан веќе го крена првиот трофеј сезонава, оној во Супер купот. Колку пати и дали ќе биде повторно во таа улога, ќе видиме во наредните месеци.