Со два натпревари што ќе се играат утре во Скопје, ќе започне новата сезона во Првата машка кошаркарска лига.

Поради настапот во ФИБА Еврокупот, Работнички и Феникс, порано од предвиденото ќе се играат првите средби од воведното коло.

Стартот беше предвиден за претстојниот викенд, но Работнички наредниот понеделник, а Феникс ден подоцна играат во Еврокупот.

Така утре своите натпревари ќе ги играат Работички и ТФТ, односно Чаир и Феникс.

Останатите средби треба да се играат во текот на викендот, двојките се: Гостивар – Пелистер, Кожуф – МЗТ Скопје А., Охрид – Вардар и Академија ФМП – Еуро Никел.

KOМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ