По три одминати кола во ракометара Супер лига, доаѓа првата промена во „струката“.

Од екипата на Голден Арт информираа дека Владимир Глигоров во иднина ќе работи со младинските селекции.

Со сениорскиот тим ќе продолжи да работи тандемот Филип Глигоров и Марко Нелоски.

„Младите сили на РК Голден Арт во рацете на Владимир Глигоров!

Доскорешниот тренер на првиот тим на бело-црните Владимир Глигоров 100% ќе им се посвети на младинските категории кои се дел од Голден Арт. Искуството кое го има Глигоров со младинци ќе направи базата од која во иднина ќе се гради клубот да добие професионален тренажен процес и создавање играчи на здрави темели.

Со сениорите продолжуваат да работат тренерите кои и во изминативе години беа дел од стручниот штаб, Филип Глигоров и Марко Нелоски кој е одговорен за физичката подготвеност на играчите.

Му благодариме на Владимир Глигоров за досегашното водење на стручниот тим и се радуваме што и понатаму е дел од спортското семејство на Голден Арт.

Во досегашниот тек Голден Арт сите три натпревари го одигра на гостибски терен. Славеше над Мулти Есенс и Вардар Неготино, а загуби од шампионот Еурофарм Пелистер.

И во следното коло Голден Арт повторно ќе гостува и тоа кај Бутел кој денеска ја оствари првата победа.