Македонската ракометна федерација информира дека Наум Танески е назначен за селектор на машката кадетска репрезентација.
Танески, досега беше дел од стручниот штаб на селекцијата до 19 години која забележа голем успех на Светското првенство во Хрватска летово.
Тој заедно со неговиот помошник Миле Бочкаровски, сега ќе ја предадат репрезентацијата до 18 години, која ја очекуваат квалификациите за Европското првенство во Црна Гора 2024-та.
Македонските кадети ќе бидат домаќини на на квалификациски турнир што ќе се одржува од 4 до 8 јануари 2024 година. На турнирот што ќе се игра во салата „Автокоманда“, Македонија за противници ќе ги има Швајцарија, Словачка и Косово. Двете првопласирани ќе обезбедат пласман на Европското првенство.
Како дел од подготовките оваа селекција ќе учествува и на турнирот „Трофеј Карпати“ во Плоешти, Романија. Во период од 25 до 29 Октомври, македонските надежи ќе играат против кадетски селекции на Египет, Црна Гора и Романија.