Дуелот во Минхен го оправда приматот дерби. Во натпревар со седум гола Баерн го совлада Манчестер Јунајтед со 4:3.

Со головите на Сане и Гнабри за четири минути, баварците поведоа со 2:0. Вториот дел почна во знакот на гостите, кога Хојнулд во 49.минута намали на 2:1.

Сепак домаќините само четири минути (53) подоцна вратија предноста од два гола, со погодокот на Хари Кеј од пенал

Вистинското возбудување беше во финишот. Во 88-та Каземиро намали на 3:2, враќајќи ја надежта на Манчестер. Во дудиското дополнение Тел го постигнаа четвртот гол за Баер, а Каземиро конелните 4:3.

Победничка вечер имаше и Ељиф Елмас кој со Наполи на гостувањето во Португалија ја совладаа Брага со 2:1, благодарение на автоголот на Ниакате во 88-та минута.

Убедлив беше Арсенал кој во Лондон 4:0 го победи холандскиот ПСВ Ајндховен.

Реал Мадрид пак до трите бодови во дуелот со Унион Берлин стигна со голот на Џад Белингам во 4-тата минута од судиското дополнение.

Лаутаро Мартинез со голот во 87-та минута го спаси ланскиот финалист Интер од пораз на гостувањето кај Реал Сосиедад со кој одигра 1-1.

Супер интересно беше во Истанбул, каде Копенхаген имаше предност од 2:0. Но, по исклучувањето на Јелерт (73), домаќините преку Боје во 86-тата и Тете во 88-минута стигнаа до израмнување.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1.КОЛО
А група
ГАЛАТАСАРАЈ – ФК КОПЕНХАГЕН 2-2
БАЕРН МИНХЕН – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 4-3
Б група
АРСЕНАЛ – ПСВ 4-0
СЕВИЉА – ЛЕНС 1-1
Ц група
РЕАЛ МАДРИД – УНИОН БЕРЛИН 1-0
БРАГА – НАПОЛИ 1-2
Д група
БЕНФИКА – САЛЦБУРГ 0-2
Р. СОСИЕДАД – ИНТЕР 1-1