Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години е учесник на силниот меѓународен турнир „Словенија Куп”.

Избраниците на селекторот Астрит Мерко,  ќе одиграат три натпревари против врсничките од Словенија, Чешка и Португалија.

Младите фудбалерки на стартот на турнирот играат со домаќинот Словенија е закажан за утре (20 септември).

Три дена подоцна (23 септември), Македонија силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Чешка.

Последниот натпревар го играме против Португалија на 26 септември.

Сите три мечеви од овој турнир ќе ги одиграме во Крајнска Гора.

За овој турнир селекторот ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Кристина Павлоска (Шкендија), Мартина Сиљаноска (Атлетико)

Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Матеа Блажеска (Љуботен), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Рона Рустеми (Шкендија), Катарина Петкова (Истатов);

Средина: Сара Мена (Ас Јунајтед), Теодора Далчевска (Ас Јунајтед), Јована Павловска(Цевитана), Ива Јосифова (Тиверија), Миа Велинова (Скопје), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ариана Ајдари (Хомбург – Бротал, Германија), Никита Стојчевска (Шведска)

Напад: Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеса (Тиверија); Лора Сулејмани, (ПСО92 –Франција), Симона Меијер (Макаби хришконот Хадера);

Овој контролен турнир ќе биде последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на квалификации во октомври во Ерменија.