Во фудбалската Лига на шампиони се одиграа првите осум натпревари од групната фаза.
Најубедлив беше шпанскиот првак Барселона кој пред својата публика го совлада Антверпен. Два од петте голови ги постигна „новајлијата“ Жоа Феликс.
Актуелниот шампион Манчестер Сити иако по првиот дел губеше од белградска Црвена Звезда, сепак во вториот направи комплетен пресврт за победа.
Дербито во Париз му припадна на домаќинот ПСЖ кој беше подобар од Борусија Дортмунд.
Нај интересниот дуел се одигра во Рим, каде мадридски Атлетико со голот на Барисо водеше против Лацио до 95.минута кога голманот Робедел го израмни резултатот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1.КОЛО
Е група
ФЕЕНОРД – СЕЛТИК 2-0
ЛАЦИО – АТЛЕТИКО МАДРИД 1-1
Ф група
МИЛАН – ЊУКАСЛ 0-0
ПСЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 2-0
Г група
ЈАНГ БОЈС – ЛАЈПЦИГ 1-3
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 3-1
Х група
БАРСЕЛОНА – АНТВЕРПЕН 5-0
ШАХТЈОР – ПОРТО 1-3