Во Втората македонска фудбалска лига денес се одигра 5-тото коло.

Највозбудливи беа натпреварите помеѓу Кожуф – Пелистер и Детонит -Беса.

Екипата на Кожуф го подложува максималниот скор и е единствена екипа со 5 победи на исто толку натпревари. Гевгеличани имаа предност од 2:0, меѓутоа битолчани успеаја да се вратат и да израмнат на 2:2. До самиот крај екипата на Пелистер се закануваше и бараше трет гол, а домаќините ја чекаа својата шанса преку контри. Во 90-минута Кожуф стигна до третиот гол и славеше со 3:2.

Детонит Плачковица уште еднаш покажа дека игра одличен фудбал. Засилената Беса го забележа првиот пораз и ова беше прв натпревар на кој не успеале да постигнат гол. Радовишани славеа со 2:0 и се искачи на втората позиција.

Новаци на домашен терен успеа да слави со 1:0 против екипата на Башкими и да освои битни бодови во борбата за опстанок.

Караорман во Струга доживеа вистински дебакл и загуби со високи 6:0 од екипата на Арсими.

Во Струмица, домашната екипа на Беласица славеше со 3:1 над Победа.

Охрид после тренерската промена дојде до посакуваните три бода во Кочани и славеше со 3:0 против екипата на Осогово.

Предноста на домашниот терен ја искористи и Вардар Неготино кој славеше над Скопје со 2:0, доделка Тетекс се радуваше на гостувањето во Каменица со Сака со 2:1.