Македонката кошаркарска репрезентација не се прослави летово со својот настап во пред-квалификациите за Олимписките игри.
Светот доби нов шампион, на Мундобаскет имаше и неколку изненадувања, како Летонија, па на најновата ранг-листа на ФИБА има повеќе промени.
Македонија очекувано назадуваше за шест позиции и сега е на 59-тото место на светската, а 30-то рангирана во европска конкуренција.
Има промена на врвот. Екс шампионот Шпанија, ја препушти првата позиција на САД, додека новиот светски првак Германија е трета (напредок од 8 места).
Најголем прогрес имаа Летонците кои напредуваа за дури 22 места и сега се осми во светот, а четврти во Европа.
Сепак најголемиот напредок го има Јужен Судан кој избори настап на Олимпијадата во Париз. Селекцијата која играше на Мундијалот е најдобро рангирана на африканскиот континент, а 31-ва во светот, што е напредок за неверојатни 32 места.