Ракометното „Супер дерби“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, ќе биде во фокусот на вниманието на македонската спортска јавност викендов (недела).

Тоа ќе биде прв дуел во суперлигашкатаа конкуренција, а втор во новата сезона. Вардарци ја добија првата пресметка, освојувајќи го трофејот во Супер Купот.

Во пресрет на неделниот дуел, денеска во интервју за веб страната на црвено-црните извршниот директот Борко Ристовски со свое видување.

Интересен е ставот на Ристовски пред се околу арбитражата на натпреварите.

„Судењето секогаш било главна тема, табу тема, и никој никогаш не сакал јавно да зборува. Но, напротив за се треба да се разговара, да се укаже, да се превенира, да се подобри. И во Струга и во Струмица имавме судење од иста судиска двојка, едни од најдобрите во Македонија. Донекаде можам да разберам да се има притисок, да се чувствува важноста на натпреварот, па и да се прават грешки, како што тоа беше во Струга и Струмица.

Но, не можам да разберам да се носат одлуки за кои цела сала може да види дека се на штета на Вардар, или пак на другиот тим, и да не се преземе ништо да се променат тие работи. Нормално е да се греши, но и да се еволуира и на следниот меч да има помалку грешки.

Нам ни останува само да се надеваме дека делот со судењето ќе се подобри, генерално за сите. Не бараме судење во ничија корист, туку едноставно – чесност и 50-50, па нека победи подобриот. Се залагаме за фер-плеј на теренот и надвор од него.

Во крајна мера, ако не се подобри ситуацијата и ако се продолжи со правењето сопки, и има разни игри околу Вардар, кои можеби во минатите години успевале, сега ако не се поправи ситуацијата ќе бараме и судии од странство за дерби средбите, за да се добие на чесноста и да нема влијание од различни страни. Треба на терен да ја мериме силата“,

изјави Ристовски.

Да се надеваме дека на задоволство пред се на клубовите, а потоа навивачите и целокупната јавност, арбитражата на неделното „Супер дерби“ ќе биде на највисоко ниво.

Дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе почне од 19.45 часот.