Јован Манев кој беше стрелец на вториот гол во победата на Македонија над Малта (2-0), официјално е претставен како нов играч на Осиек.
Попладнево хрватската екипа и официјално ја претстави новата 4-ка на клубот, односно македонскиот репрезентативец Манев.
За 22-годишниот кочанчанец, Осиек е втор интернационален клуб.
Манев до крајот на оваа сезона ќе настапува како позајмен играч од екипата на Адана Демирспор.
Тој во турскиот тим замина од редовите на штипска Брегалница, а кариерата ја започна во Осогово.