Македонската фудбалска утре против Малта ја чека нов дуел во квалификациите за ЕП 2024-та.

Одличниот резултат од дуелот со Италија е веќе минато и сите мисли се насочени кон мечот што претстои.

Противникот не е за потценување иако веќе на стартот на квалификациите го победивме во Скопје, смета селекторот Милевски.

„Малта покажа дека е квалитетен тим, доста компактен и организиран, и не намачи во Скопје.

Не смееме да се опуштаме, но максимално сериозно да пристапиме на овој натпревар.

Овој меч можеби ни е најважен во овие квалификации.

Момците се свесни за тоа, а целта е да ја задржиме оваа позитивна енергија и тимскиот дух и во иднина“,

изјави Милевски на вечерашната прес-конференција.

Македонските репрезентативци го одработија и официјалниот тренинг, а утревечер од 20.45 часот ќе го доиграат и натпреварот со Малта.