Македонската фудбалска репрезентација одигра фантастичен натпревар со Италија, освои бод, но сега добрата игра треба да ја потврди против Малта.
Ова е поентата на излагањето на селекторот Благоја Милевски по натпреварот со Азурите.
„Овој нерешен резултат не е рамен на победа, затоа што се добива еден бод.
Во второто полувреме функциониравме многу подобро отколку во првото. На одморот ги поправивме аномалиите кои ги имавме во првиот дел.
Играчите се прекрасни момци, тоа го покажаа и на теренот.
Оваа добра игра, овој бод нема да ни значи ништо ако не победиме на гостувањето кај Малта, за тоа се свесни и фудбалерите и јас.
Ова што се случи денеска е веќе зад нас, откако ќе влеземе во автобус вечерва ќе се спремаме за Малта“,
изјави Милевски.
Добрата игра македонските фудбалери треба да ја потврдат во вторник за кога е закажано гостувањето против Малта.