Македонската одбојкарска репрезентација е во Бари, Италија.
Таму напите одбојкари ќе го одиграат осминафиналниот меч на Европскиот шампионат.
По настапот во Скопје и освоеното 4.место во групата, Македонија, е дел од ТОП 16-те репрезентации на ЕП.
Противникот во осминафиналето е апсолутен фаворит. Италија е актуелен светски и европски шампион, а воедно и домаќин на овој шампионат.
Јасно им е на напите одбојкари дека во мечот со Азурите нема што да бараме, но дека сите кои в сабота ќе играат ќе го дадат максимумот и едноставно ќе уживаат.
Како што вели искусниот Владо Милев – ова е меч на нивните кариери.