Фудбалската репрезентација на Македонија, ја очекуваат два нови натпревари во квалификациите за ЕП 2024-та во Германија.
Хотелот „Дабл Три – Хилтон“ е базата каде македонските фудбалери полека се екипираат. Најголемиот дел од нив му се ставија на располагање на селекторот Благоја Милевски.
Веќе попладнево тие ќе го одработат и првиот тренинг во овој „микро“ подготвителен циклус.
Подготовките ќе се одвиваат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра во сабота кога во Скопје ќе гостува Италија, по што следува гостувањето кај Малта.