Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје го претрпе првиот пораз во групата Ц на Европското првенство. Фаворитот Полска славеше победа со 3:0 и остана сама на првата позиција на табелата со 9 бодови, а Македонија остана со 6 бодови.
Резултат по сетови: 25:12, 25:21, 25:14.
Селекторот на Полска Никола Грбиќ се реши да почне со комбинирана прца постава. По 1:1 Полска со серија од три поени поведе со 4:4. Резултат кои македонските одбојкари го бркаа до 9:9. Сепак фаворитот направи нова серија од 7-2 за 16:11 со шти македонскиот селектор Јошко Миленковски побара и втор тајм аут. Серијата на противник продолжи до 23:11, а сетот заврши со 25:12.
Вториот сет почна во знакот поен за поен до 5:5 по што следуваше серија на Полска од пет поени за 10:5. Предноста на противникот ја намаливме кон средината на сетот 16:17 за Полска. Капитенот Никола Ѓорѓиев успеа да донесе поен за 19:19. Се “разлетаа” македонските одбојкари во својот дел од теренот, но противникот повторно играше спиред своето реноме и по 21:21 сетот го доби со 25:21 за водство од 2:0.
Во третиот сет по 3:2 за Македонија противникот направи серија од 5-1 за водство од 7:4. Македонија со упорна игра изедначи на 9:9, а по двата поена на Полска Миленковски побара тајм аут. Полската серија продолжи за 14:9, па Миленковски го искористи и вториот тајм аут. Сетот заврши со 25:14.
Македонија утре е слободна, а во вторник од 17 часот игра против Холандија.