Петти натпреварувачки ден на 33-тото Европско првенство за одбојкари. И денешниот носи повеќе интересни средби.
Секако за македонската спортска јавност, најважни се дуелите во „скопската – Ц“ група.
Македонската репрезентација и денеска е слободна. Сигурно дека селекторот Јошко Миленковски и неговите избраници целосниот фикус го имаат насочено кон утрешниот меч со Црна Гора кој може да значи и пласман во осминафиналето.
Но, јасно е дека нашите одбојкари, со внимание ќе ги следат настапите на останатите противниците, пред се оние кои се напи конкуренти за едно од четирите места.
Данска и Чешка ја отвораат денешната програма со дуелот од 17 часот.
Двете селекции претрпеа порази во првите натпревари, Данците од нас, а Чесите од топ фаворитот Полска.
Ние, допрва треба да играме со Чесите, кои како и Данците се на нула, кога во прашање се бодовите. Затоа овој натпревар е од голема важност за Македонија.
Во вториот меч од 20 часот ќе играат двете селекции кои се борат за првото место.
Јасно дека Полска ја има улогата на фаворит, но и Холанѓаните не се за потценување.
Во останатите групи денеска ќе играат:
15:00 Романија – Турција
16:30 Финска – Словенија
18:00 Германија – Швајцарија
18:00 Португалија – Грција
19:30 Хрватска – Шпанија е
21:00 Србија – Италија