Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години, попладнево ќе игра против Турција.

Првиот од двата контролни натпревари на овие две селекции ќе се игра попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.

Денешниот натпревар меѓу Македонија и Турција започнува од 17 часот.

Вториот пак е закажан по три дена (четврток – 31 август) во терминот од 16.30 часот.