Четвртиот ден на Светското кошаркарско првенство ги носи дуелите од 2.коло во Б, Ц, Д и Г групите.
Утринската програма и не носи којзнае колку атрактивни натпревари. Напротив. Квалитетот на осумте репрезентации кои ќе ги одиграат првите четири натпревари денеска, е далеку зад останатите.
Но, затоа во попладневната програма можеме да очекуваме по интересни дуели, кои директно ќе решаваат за првите места во групите.
Првиот ќе го одиграат Грузија и Словенија во Ф конкуренцијата, по што следува дуелот меѓу Србија и Порторико.
Американците првиот испит на Мундобаскет ќе го имаат со Грција, а светскиот шампион Шпанија во натпреварот со Бразил.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА СП ЗА ДЕНЕСКА (понеделник)
10.00 КИНА – ЈУЖЕН СУДАН (група Б)
10.00 ВЕНЕЦУЕЛА – ДЕВСТВЕНИ ОСТРОВИ (група Ф)
10.45 НОВ ЗЕЛАНД – ЈОРДАН (група Ц)
11.45 БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА – ИРАН (група Г)
13.30 ГРУЗИЈА – СЛОВЕНИЈА (група Ф)
14.00 ПОРТОРИКО – СРБИЈА (група Б)
14.40 ГРЦИЈА – САД (група Ц)
15.30 БРАЗИЛ – ШПАНИЈА (група Г)