Европското првенство во одбојка стартува вечерва со дуелот меѓу ко-домаќинот Италија и Белгија во Болоња.
Во улога на ко-домаќин е и македонската репрезентација од причина што натпреварите од Ц групата од 30.август до 6.септември ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонската репрезентација за противници во групата ги има селекциите на Данска, Црна Гора, Полска (светски вицепрвак), Холандија и Чешка.
Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов, кој ќе го игра своето третото Европско, за СПОРТ+, ги анализира ривалите од групата.
ДАНСКА: Селекција која има стил и начин на игра како и нашиот. Оваа репрезентација добро сервира, но сметам дека се на наше ниво и се ќе зависи од нашата игра. Пред некоја година во Струмица загубивме од нив што ми „падна“ тешко, но потоа ги победивме на нивни терен со 3:0.
ЦРНА ГОРА: Противник по наша мерка. Тоа е искусна репрезентација и треба да бидеме внимателни. Имаат квалитет, но сепак нашите шанси за победи се токму селекциите на Данска и на Црна Гора.
ПОЛСКА: Тоа ќе биде натпревар за гледачите. Не секој ќе има можност да игра против Полска. Ние пред четири години на шампионатот во Љубљана игравме против Русија и таму имавме еден квалитетен сет (на разлика). Полска е на нивото кое тогаш го имаше Русија, би сакал пак да повториме нешто такво.
ХОЛАНДИЈА: Тоа е репрезентација од голем калибар. Можеме добро да играме и против нив. Сепак ако имаме позитивни резултати и добри игра од првите дуели можеме и со нив „да се носиме“, па и да ги намачиме – па нека биде и 3:2 за нив и тоа е добар резултат.
ЧЕШКА: Натпревар и селекција за крај. Тоа е репрезентација која расте, но не се светска велесила. Зависи како ќе почнеме, дека ние ако губиме знаеме да се демотивираше и паѓаме.
На крајот Љафтов посака полна сала и во такви услови да се победува.
„Очекува македонските фанови кои ги бодреа фудбалерите и ракометарите на надвор од Македонија сега во Скопје да дојдат да бидат поддршка и на тој начин да стигнат до осминафиналето кое ќе се игра во Бари и репрезентацијата заедно со навивачите да ја пее химната“, вели Љафтов за СПОРТ+.
Натпреварите во Скопје се играат од 30 август до 6 септември.
Само на 30 август има еден натпревар, а сите други денови на програмата се по два дуела.
Распоред на натпреварите во групата во Скопје: