Се ближи почетокот на машкото Европското одбојкарско првенство. Македонија, односно Скопје, ќе биде еден од градовите домаќини на шампионатот. 

Македонските одбојкари веќе завршија со контролите натпревари и сега ги одработуваат завршните подготовки. 

Затоа пак, дел од нашите противници беа активни. 

Репрезентациите на Холандија и Данска против кои ќе играме во Ц групата, претрпеа порази од Белгија и Хрватска, репрезентации кои Македонија ги порази во натпреварите од Златната лига

Нашиот прв противник Данска, загуби од Хрватска со 3-0, додека Холандија против која ќе играме во 4.коло, беше поразена од Белгија со 3-1. 

Покрај овие две селекции (Данска и Холандија), македонските одбојкари за противници ќе ги имаат Црна Гора, Полска и Чешка. 

Натпреварите на шампионатот во „скопската“ група започнуваат на 30 август со дуелот Македонија – Данска. 

Сите актуелности поврзани со Европското првенство може да ги видите овде .

Распоредот и саатницата на одигрувањето на натпреварите на Македонија, на Европскиот шампионат може да ги прочитате во објавата во продолжение. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА