Со трите натпревари што ќе се играат вечерва од 21 часот, започнува разврската за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони.
Дванаесет екипи ќе се борат за шесте преостанати место во елитното натпреварување.
Сигурно најголемо внимание и борба се очекува на шкотско-холандската пресметка меѓу Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен.
Ништо по неизвесни се очекува да бидат дуелите меѓу Брага и Панатинаикос, односно Молде и Галатасарај.
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (прв натпревар)
вторник
АНТВЕРПЕН (Белгија) – АЕК (Грција)
РАКОВ (Полска) – КОПЕНХАГЕН (Денска)
Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) – ПСВ (Холандија)
среда
БРАГА (Португалија) – ПАНАТИНАИКОС (Грција)
МАКАБИ ХАИФА (Израел) – ЈАНГ БОЈС (Швајцарија)
МОЛДЕ (Норвешка) – ГАЛАТАСАРАЈ (Турција)
Реванш натпреварите ќе се играат следната седмица (вторник и среда), а ждрепката за групната фаза на Лигата на шампиони, ќе се одржи во Монако на 31 август.