Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на женското фудбалско првенство што се одрежува во Австралија и Нов Зеланд
Во супер интересен натпревар, шпанските фудбалерки ја победија Шведска со 2:1 во полуфиналето, и се изборија за своето прво финале.
Откако првиот дел заврши без голови, вистинска драма се случуваше во последните 10-минути од натпреварот.
Во 81-та минута Параљуело и донесе водство на Шпанија од 1:0.
Швеѓанките фрлија се на „една карта“ и тргнаа со сите сили во напад. Тоа вроди со плод во 88.минута кога Бломквист со прекрасен гол го израмни резултатот.
Но, тој беше актуелен само шеесетина секунди. Веќе во следната 89.минута Кармона Гарсија на ефектен начин го постигна вториот гол и ја однесе Шпанија во финалето закажано за в недела од 12 часот.
Во него, Шпанија за противник ќе има подобрата селекција од утрешниот полуфинален дуел меѓу ко-домашната селекција на Мундијалот Австралија и селекцијата на Англија.