„Неуромедика“ ќе биде партнер на РК Вардар во наредната сезона. Спортскиот директор на вардарци, Борко Ристовски и Генералниот менаџер на „Неуромедика“ Емил Угриновски ја официјализираа соработката.

„Драго ми е што брендот Неуромедика го препозна се она што го правиме изминатиов период за стабилизирање и враќање на Вардар онаму каде што припаѓа и сигурен сум дека со ова сме уште еден чекор поблиску до нашата цел“, изјави Борко Ристовски

Неуромедика ќе се грижи за здравјето на ракометарите, а истовремено и партнер кој ќе придонесе за постигнување на врвни резултати.

„Ми претставува огромна чест и задоволство што ние како Неуромедика ќе бидеме дел од клуб како што е Вардар и веруваме дека со оваа наша соработка ќе го издигнеме Вардар на уште повисоко ниво и оваа позитивна иницијатива која што се случува во нашиот град, а е поврзана со Вардар ќе ги даде очекуваните резултати“, изјави Емил Угриновски.

РК Вардар останува со својата мисија, да биде посакувано место на сите ракометари и тим што секогаш се стреми кон високи резултати.